Француската нафтена компанија „Total“ објави дека сака во следните 20 години да стане лидер во обновливите извори на енергија и чувањето електрична енергија. Меѓу европските сродни компании најави најголеми вложувања во „зелената“ енергија. Неодамна за 1,1 милијарди долари ја купи компанијата којашто се занимава со складирање енергија „Saft“ Од 2011 година го држи и мнозинскиот идел во произведувачот на соларни панели „SunPower“.
Овие операции се дел од поизразената амбиција на „Total“, а за да ги забрза активностите во оваа област, компанијата од 1-ви септември ќе вработи и член на извршниот одбор кој ќе го води новиот оддел за гас, обновливи извори и енергија.
„Луѓето иновираат кога се притиснати до ѕидот. Морате да иновирате, бидејќи доколку само се држите до својата позиција, едноставно не можете да создавате пари“, изјави минатата седмица извршниот директор на „Total“, Патрик Пујане.
Најголемата европска нафтена компанија „Shell“, исто така, основа оддел кој ќе се занимава со „новите енергии“, во којшто ќе го инкорпорира своето производство на своето производство на енергија од ветер и сонце, како и вложувања во водород и биогориво, покажуваат интерните документи кој агенцијата Reuters го одбила на увид.
Компанијата BP, поранешната „British Petroleum“, неодамна ја подигна својата процена за глобалното производство на електрична енергија од „зелени“ извори до 2035 година на 15 отсто.
„Овие компании имаат со илјадници милијарди долари нафтени резерви во своите книги. Меѓутоа, за десет години, доколку продолжи да се намалува трошочниот дијаграм на соларната енергија, а технологијата на батериите да овозможи транспорт на енергијата каде и да ни се укаже потреба од неа, дали тие резерви некогаш ќе почнат да ги црпат?“, прашува Бен Ворен, челник за финансирање на енергетиката и заштита на околината во консултантската компанија „Ernst&Young“.
Сепак, засега најавените вложувања на овој сектор во „зелената“ енергија се незначителни, имајќи ги предвид нивните вкупни капитални вложувања. На пример, најавените вложувања од „Shell“ во износ од 200 милиони долари во нови енергетски активности, се помали од еден отсто од вкупните капитални вложувања, кои годишно се движат околу 30 милијарди долари.
„Во овој момент вложувањата на големите нафтени компании во обновливите извори се мали во однос на нивниот вкупен капитал, а имајќи ги предвид претходните фази не се остваруваат ниту значајни поврати на средствата“, оцените Роан Марфи, еден од директорите во фондацијата „Allianz Global Energy“, кој вложува во компаниите како што се „Shell“ и „Total“.