Насловна / Архитектура / Големината на Борис Чипан прославена во Охрид

Големината на Борис Чипан прославена во Охрид

На 5 јули во Охрид во вилата Уранија се одржа прослава по повод јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“ во организација на Архитектонскиот факултет од Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Општината Охрид, Музејот на Град Скопје и МАНУ.

IMG_8200 [HD] (1)

Прославата ја проследи, презентира професионалната и животната патека на архитектот Борис Чипан (1918-2012) и го потенцира негвото творештво и делување како едни од најзначајните во историјата на современата архитектура во Македонија. Професорот Борис Чипан  е мошне значаен како творец кој подеднакво суверено се реализирал во областа на архитектонското проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика.

IMG_8470 [HD] (1)

Чествувањето на бардот на архитектурата во Mакедонија се одвиваше во два дела. Дневна сесија каде поздравен говор одржаа градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски кој вети дека локалната власт ќе ја следи посветеноста на  професорот во остварувањето на неговиот сон, да не се дозволи деградирање и уништување на Охрид.

IMG_8410 [HD] (1)

Деканот на Архитектонскиот факултет, проф.д-р Огнен Марина ги поздрави присутните велејќи „Навидум случајно, но сигурен сум дека не постои друг архитект чиј професионален пат подобро ја илустрира современата македонска архитектура“.

IMG_8221 [HD] (1)

И МАНУ му се поклони. Неколку пати професорот  Борис Чипан беше предлаган за редовен член на МАНУ и неколку пати одбиван, а кога академиците решија да го примат, тој со индигнација одби и рече: „Кога сакав, вие не ме сакавте, сега сум престар за тоа“. За да денес академијата го поздравува неговото дело и е еден од организаторите на чествувањто на Чипан во својата куќа и во неговиот град. Академик Газанфер Бајрами како претставник на МАНУ изјави „Чипан беше своевиден хроничар на својот Охрид, го нарекуваше волшебниот рид. Му се задолжи на градот со анализите на охридската архитектура, прибележувајќи ги и реконструктирајќи ги преку скици охридските куќи, со конзервацијата и анализата на катедралниот храм Света Софија, со откривање нови факти за Долни Сарај и безброј други негови сознанија и откритија“.

IMG_8213 [HD] (1)

По поздравувањето на присутните свои предавања одржаа професорите од Архитектонскиот факултет при УКИМ, проф.д-р Мартин Гулески и проф. д-р Михајло Волканов, како и проф. д-р Михаил Токарев. Професорот Токарев кој бил како што самиот вели соборец и близок соработник на еден од најомилените професори Борис Чипан ќе каже „Своето знаење тој го пренесуваше на студентите во непосреден контакт низ јасен збор и коректен цртеж, покажувајќи карактеристики на голем ерудит и близок соговорник. Веројатно затоа за присуство на неговите предавања се бараше столче повеќе. Чест ми е што тогаш бев негов студент, а подоцна и негов помлад соборец во откривањето и соопштувањето на вистината за архитектонската проблематика“.

IMG_8306 [HD] (1)

Вториот дел од свеченоста се одржа во вечерната сесија со отварање на изложбата во организација на Музеј на град Скопје. Куратот на изложбата е архитект Фросина Зафировска, в.д. директор на музејот. Оваа е всушност изложбата „Збирка на архитект Борис Чипан“ која минатата година во март се одржа во  Музеј на град Скопје. Поради просторните органичувања дел од материјалите од минатогодишната изложба се пренесени во куќата Уранија.

2

Материјалите на изложбата се дел од неговата професионална оставина, донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје. „Збирката на архитект Борис Чипан“  е прва збирка на еден архитект оформена во еден музеј во Република Македонија. На изложбата во Охрид акцентот е на студиите за Охрид, урбанистичкиот план за градот, конзервацијата на црквата „Св. Софија“.

IMG_8401 [HD] (1)

Цела просторија е посветена на објектот кој е круна на неговото проектантско дејствување, Македонската академија на науките и уметностите со цртежи, фотографии, макети и наградата за овој објект добиена во 1977 година, награда која претставува највисоката југословенска награда за архитектура на весникот „Борба“. Документирано е и публицистичкото создавање на Чипан.

IMG_8415 [HD] (1)

* * * * *

„Некои раководители се поинтелигентни и знаат да одберат способни соработници за реализација на своите идеи, други се опседнати од себични интереси и одбираат полтрони. Очигледно, во Македонија не сме имале среќа интересите на таквите групи да бидат истоветни со интересите на народот“, Борис Чипан

IMG_8470 [HD] (1)

IMG_8477 [HD] (1)

IMG_8466 [HD] (1)

IMG_8468 [HD] (1)

IMG_8400 [HD] (1)

IMG_8345 [HD] (1)

IMG_8280 [HD] (1)

IMG_8165 [HD] (1)

b1

4

5

4

1

7

Испрати коментар

Scroll To Top