Евидентирани се големи оштетувања на мостот Еленски скок во Мала Река.
Мостот, кој е во списокот на културно историските споменици во земјава, има оштетувања на четири негови делови. Преставници на невладиниот сектор први ги забележале оштетувањата на горниот дел на мостот. Според претставниците на Центарот за одржлив развој во Дебар, ископани се камења и направени се големи дупки на горниот дел на мостот.
Според истите извори, а според првичните процени станува збор за лица кои поседуваат техника за откривање злато, кои претходно сметале дека во мостот има златен накит.
Невладиниот сектор во Дебар упати барања до сите надлежни институции да го заштитат мостот, но воедно и да ги откријат лицата кои го оштетиле.
Гоце Лубиновски, од наведената невладина организација, вели дека мостот кој е дел од културното наследство треба да се заштити за да не се уништи целосно.