Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора распиша меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение за музеј на современа уметност, природнонаучен музеј и парк на културата и уметноста со придружни содржини во функција на културата во Подгорица.
Конкурсот е отворен до 15. февруари 2024 година, додека наградниот фонд од 200.000 евра е распределен меѓу прва (100.000 €), втора (50.000 €) и трета награда (26.000 €), како и три еднакви откупи од по 8.000 евра.
Локација на централна позиција во градот
Предметната локација се наоѓа на проторот на поранешната касарна Морача и зазема централна позиција во Главниот град Подгорица, како што од 2005 година е името на поранешната општина Подгорица.
„Затоа, исклучително е важно овој простор да се валоризира преку воспоставување на нови просторни содржини и создавање зона која ќе стане културен центар на градот“ – се наведува во конкурсната документација.
Локацијата се состои од две зони – едната е во државна сопственост, другата е во приватна сопственост. Вкупната површина на опфатот на конкурсот и контактната зона е 81.577,49 квадратни метри.
Обемот на конкурсот се совпаѓа со катастарската парцела број 2211/1 КО Подгорица II, со површина од 50.685,94 квадратни метри која е во сопственост на државата.
Зоната на опфатот на конкурсот и контактната зона
Музеј на современа уметност во прва фаза
Со конкурсното решение треба да се изработи мастер план за локацијата и контактната зона. На просторот опфатен со конкурсот, на катастарска парцела број 2211/1 КО Подгорица II, потребно е да се планира:
- Музеј на современа уметност
- Природонаучен музеј и ботаничка градина
- Парк на култура и уметност
- Куќа на архитектура
„Потребно е да се прикаже фазност на изградбата на комплексот така што секој од горенаведените објекти претставува посебна фаза која може да се гради независно. Првата фаза на изградба е Музејот на современа уметност“, се наведува во документацијата.
Се додава дека во контакт зоната потребно е да се планираат различни содржини во функција на културата како конференциски центар со сместувачки капацитет (до 50 соби), галерии, центри за култура и други објекти од култура, како и угостителски објекти, паркинзи и гаражи за сместување на возилата на корисниците (вработени и посетители).
„Учесниците на конкурсот треба во однос на можните содржини да предложат најдобро урбанистичко и функционално решение за контактната зона, дополнувајќи ја основната намена и објектите кои се наоѓаат во зоната на конкурсот“ – стои во расписот.
Вкупната површина на опфатот на конкурсот и контактната зона е 81.577,49 квадратни метри
Членови на жирито на конкурсот
- Владан Стевовиќ, главен државен архитект во Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора – претседател на жирито;
- Владислав Шќепановиќ, д.и.а, директор на Музејот на современа уметност на Црна Гора – стручен член;
- Dominique Perrault, Dominique Perrault Architecture – стручен член;
- Odile Decq, Студио Odile Decq – стручен член;
- Maurizio Meossi, Zaha Hadid Architects – стручен член;
- Robert Schmitz, White Arkitekter – стручен член
- Mike Wood, студио ARUP – стручен член
Поканети учесници
- Sou Fujimoto
- Junya Ishigami
- Diller scofidio + Renfro
- Snohetta
- Henning Larsen
Рокови на конкурсот
Краен рок за поднесување на трудовите е четврток, 15. февруари 2024 година во 23:59 часот (по локално време во Црна Гора).
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до вторник, 26. март 2024 година. на официјалната веб-страница на натпреварот.
Сите учесници можат да поставуваат прашања поврзани со конкурсот до вторник, 12. декември 2023 година, по што сите добиени прашања и одговори ќе бидат објавени на веб-страницата www.arhitecturalcompetitions.me до петок, 29. декември 2023 година.
Прашањата се испраќаат на: [email protected]