Добитници на Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, под покровителство на претседателот се архитектите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат.
Големата годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 е доделена за објектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје. Наградата на добитниците вчеравечер им ја врачи претседателот Стево Пендаровски на свечениот настан што се оддржа во Национална Галерија на Македонија „Чифте амам“.