Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ со големо жалење соопштуваат дека овогодинешното доделување на традиционалната Големата годишна награда – ГГН, која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија нема да се одржи, заради тоа што во предвидениот рок бил пријавен само еден објект.
ААМ надева дека во иднина заеднички ќе успееме да ја збогатиме продукцијата на квалитетно изградени објекти во Република Македонија.
Досега се случило да не се додели наградата поради отсуство на квалитетни објекти кои не ги исполнувале критерумите за наградата и критерумите на комисјата, но ова е за прв пат ГГН воопшто да не се одржи.