Во виенската Куќа на уметноста е поставена обемна ретроспектива на познатиот австриски фотограф Андреас Х. Битесних (1964) кој оваа година го слави 50-тиот роденден и 25 години фотографско творештво. Тој во светот на фотографијата и визуелната уметност воопшто, предизвика меѓународно внимание првенствено поради неговиот скулпторски пристап кон човечкото тело и совршеното поставување на светлото во фотографиите.
Изложбата ќе трае до 9 јуни годинава.