Во Kunstforum во Виена, отворена е ретроспектива на Анри де Тулуз-Лотрек насловена Henri de Touluse-Lautrec: The Path to Modernism.
Се работи за најголемата ретроспектива организирана досега во Австрија, по повод 150-годишнината од раѓањето на познатиот уметник. Лотрек во историјата на уметноста е најдобро познат по креирањето на плакати и постери за ноќниот живот на Монмартр во Париз кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Овие дела, кои вклучуваат ликови на познати пејачи, кабаретски танчерки, програми на Мулен Руж и слични клубови, му донеле светска слава, а виенската ретроспектива сите посетители ќе ги упати да се запознаат со некои други, помалку познати дела. Изложбата трае до 25 јануари.