Насловна / Арт и дизајн / Голема реставрација на статуата „Мајката Татковина повикува!“ (видео)

Голема реставрација на статуата „Мајката Татковина повикува!“ (видео)

Во Волгоград (поранешен Сталинград) почна реставрација на една од најголемите статуи на светот – „Мајката Татковина повикува!“ (Родина-мать зовёт! ) и во наредните девет месеци ова колосално дело ќе биде прекриено со скели.
Големата реставрација ќе се прави по прв пат во последните 52 години, што значи прва реконструкција од моментот на поставување на споменикот и ќе биде завршена до 75 годишнината од победата во Втората светска војна.

мајк5
Работите на поправката ќе се и надвор и внатре, а за реставрацијата се направени специјални скелиња. Работите се одвиваат 24 часа на ден, а во секоја смена работат околу 75 експерти. Реставрацијата на статуата била неопходна, веќе се откриени 12 пукнатини од кои некои претставувале закана за целиот споменик и за посетителите. Се поставуваат специјални кабли и сензори кои ќе ја следат состојбата на споменикот. Градителите тврдат дека споменикот ќе може да издржи и удар на торнадо.

мајк3
За реставрацијата на надворешната површина вкупно се издвоени 688 милиони рубљи (околу 0.6 милиони евра). Овој дел од работите треба да биде завршен до март 2020 година.
Реставраторите тврдат дека работите нема да пречат на посетителите, затворена ќе биде само платформата покрај самата статуа.
На Мамајев Курган (брдо над Волгоград), свето место за Русија, но и за светот, сместен е меморијалниот комплекс „На хероите на Сталинградската битка“ во чест на сеќавање на овие тешки, но херосјки денови (од август 1942, до февруари 1943.). Оваа битка била одлучувачка за конечната советска победа над силилите на Осовината на источниот фронт во Втората светска војна. Меморијалниот комплекс е граден помеѓу 1959. и 1967 по проект на Евгениј Вучетиќ, извонреден советски вајар со српско потекло и крунисан е со „Мајката Татковина повикува!“, кој споменик исто така е негово дело.

мајк2

Во време кога била завршена 1967., статуата била највисок споменик на светот.
Споменикот претставува жена која исчекорува со меч во рака. Споредувајќи со подоцнежните високи споменици, статуата „Мајката Татковина повикува!“ од инженерски и статички аспект е мошне сложена, поради карактеристичната става со меч во десната рака подигнат високо, и левата рака во движење кое повикува „во одбрана на татковината“. Висока е 82 метри од постољето до врвот на мечот, а самата фигура без меч е висока 52 метри, а мечот 33 метри. Статуата не е поставена на темел, таа се потпира на сопствената тежина. Поради промена на текот на подземните води дошло до нејзино кривење, што дошло и до оштетувања кои со реставрацијата ќе се отстранат.

мајк4

За меморијален комплекс кој завзема површина од 26 хектари, а единствената архитектонско – вајарска композиција е долга едеден ипол километар, самиот Вучетиќ изјавил: „Пред се се трудевме да го доловиме нескршливиот морал и дух на советските борци и нивната потполна посветеност на Татковината“.

Испрати коментар

Scroll To Top