Советот на Европа, ги одобри промените во европскиот систем за тргување со емисиските квоти (ETS), со што би требало да се помогне во намалувањето на емисиите на CO2 до 40% во периодот до 2030, а промените се значителни, но сепак недоволни за декарбонизација на економијата. Земјите членки ја потпишаа спогодбата за реформи во ETS за периодот 2021 – 2030, откако сите членови на парламентот дале согласност претходно во текот на месец февруари. ETS е главната алатка за намалување на емисиите во Унијата, а челниците на ЕУ се надеваат дека заштедите во оваа сфера ќе и помогнат на Унијата во постигнување на целите за намалување на емисиите во рамките на своите обврски од Париз. Намалувањето на емисиите на стакленички гасови не само што ќе придонесе за борбата против климатските промени, туку позитивно ќе влијае и врз квалитетот на воздухот. Вкупната стапка на годишните количини на емисии, позната како линеарен фактор на намалување (LRF), годишно ќе се намали за 2,2%. Директивата исто така се занимава со перспективите на индустријата која се пресели надвор од надлежностите на ETS, низ сеопфатна ревизија на правилата.
Подобрувањето на овој систем, исто така вклучува и мерки за намалување на бројот на дозволи и зголемување на трговската цена на јаглерод диоксидот. ETS настојува да ја подигне цената на јаглерод диоксидот за прв пат откако тргувањето е воведено во 2005. Високата цена ќе значи дека индустриите повеќе би вложувале во технологии за намалување на емисиите, а не само да плаќаат за загадувањето. Имајќи предвид дека преговорите за ETS се завршени во ноември 2017, веднаш е забележано дека цените на квотите се зголемиле за 25% и се тргувало под 10 € / t, што е највеќе во приод од шест години. “По проблемите во последните години предизвикани од економската криза, денес, со цените од близу 10 евра, EU ETS системот покажува дека се враќа“, изјавил шефот на Европската унија за клима Miguel Arias Cañete за Bloomberg News. Критичарите велат дека за вистински промени на пазарот, цената по тон CO2 би требало да изнесува 30 евра.