Насловна / Архитектура / Голема настрешница на Аџаје и Бојд им оддава почит на Абориџините

Голема настрешница на Аџаје и Бојд им оддава почит на Абориџините

Огромна настрешнца што ја филтрира светлината низ кружните отвори го покрива овој јавен плоштад во Сиднеј, што бирото на ганско-британскиот архитект Дејвид Аџаје го создаде со уметникот Даниел Бојд.

2

Наречен Sydney Plaza & Community Building, проектот има за цел да го истакне наследството на локацијата, која некогаш била земја на нацијата Еора – група австралиски Абориџини.

Adjaye Associates и Бојд добиле задача од Градот Сиднеј и инвеститорот Лендлис да го трансформираат постојниот плоштад во улицата Џорџ во јавна знаменитост.

1

Тимот го искористил ова како прилика за „откривање, раслојување и славење на потеклото на Еора на овој дел од брегот на Сиднеј“ и поддржување на „помирувањето на културите“, велат од Adjaye Associates за Dezeen.

3

„Идејата за јавен плоштад пружи одлична прилика Дејвид и јас да работиме заедно на концептот на односите – како ние како поединци ја перципираме нашата врска со одредено место и како колективно тие односи се одвиваат во просторот“, рече Бојд, современ уметник чија работа се потпира на неговото абориџинско наследство.

4

„Се надевам дека оваа нова зграда на заедницата и јавниот плоштад Џорџ Стрит ќе станат омилена дестинација во центарот на Сиднеј, генеративно место за луѓето да се поврзат, да ги наполнат батериите, да размислуваат и да одморат од ритамот на градот кој брзо се трансформира“, додаде Аџаје.

Сместена покрај кулата Salesforce од британското студио Foster + Partners, Sydney Plaza & Community Building има површина од 1.200 квадратни метри.

Поделена е на два елементи – црна двокатна зграда со двоводен кров и голема перфорирана челична настрешница што го дефинира и засолнува периметарот на плоштадот под неа од црн гранит.

Содржи визуелни назнаки од различни форми и детали што се превземени од културата на Абориџините, со цел да се помогне да се оддаде почит и насочи вниманието на потеклото на локацијата Еора.

5

Ова ја вклучува и големата настрешница, која е дизајнирана од Бојд за да евоцира слика со точките на Абориџините, и зградата на заедницата што е наменета да го имитира обликот на домовите на раните доселеници.

Формирајќи го централниот дел на проектот, големата настрешница е со димензии 27 на 34 метри. Конструкцијата е проектирана од меѓународната фирма Arup, виси на челични решетки,  од едната страна се потпира на челично – бетонски столб, а од другата на косиот кров на објектот. Површината е перфорирана со кружни отвори обложени со огледало, дизајнирани да ја филтрираат светлината одоздола и да создадат „поетски слој на светлина и темнина, полно и празно“, велат Adjaye Associates.

13

Настрешницата ги отсликува круговите на плоштадот под неа, а се надополнува со индустриски изглед на надворешноста на зградата на заедницата покрај неа, која исто така е обработена со челик.

Внатре зграда на заедницата содржи галерија обработена со топло дрво, како и платформа со поглед на плоштадот.

„Резултатот е хибридна форма која го спојува наследството на раните доселеници и индустриската материјалност со потеклото на Абориџините“, заклучи Adjaye Associates.

6 12 7 8 9 10 11

Испрати коментар

Scroll To Top