Во издание на @B.A.C.U. и неговиот главен уредник Rusu Dumitra, на 17. ноември излезе од печат второто, дополнето издание на фотомонографијата и дигиталниот водич „Социјалистички модернизам во поранешна Југославија“. Објавени се како дел од серијата публикации за социјалистичкиот модернизам во Источна Европа, во чии рамки веќе се објавени изданија за социјалистичкиот модернизам во Полска, Украина, Бугарија, Германија, Република Молдавија, а во тек е припрема на изданија на оваа тема во балтичките земји, Чешка, Словачка, Русија и Централна Азија.
Социјалистички модернизам – е иницијатива развиена од BACU – Birou pentru Artă şi Cercetare Urbană (Биро за уметност и урбани истражувања). Нивниот пристап е фокусиран на заштита на изграденото наследство и истражувања во границите на поранешниот Источен блок и се залага за заштита на архитектурата на социјалистичкиот модернизам изградена во периодот помеѓу 1955-91. година. Се занимаваат со заштита / мониторинг / истражување / зачувување на моменталната состојба на тие градови, вклучувајќи ги зградите, спомениците, парковите, плоштадите, цели области и зелени површини итн. Во првата фаза од овој проект се концентрирани на анализа / истражување / студија, по што ќе следи втората фаза, кога ќе се изработат регулативи и ќе се занимаваат со едукација на локалните власти и жителите на тие заштитени подрачја, преку законска програма за архитектонскиот стил на објектите/областите подигнати во социјалистичката ера.
Телекомуникациски центар, Скопје, Македонија (1972-74) Јанко Константинов
Во воведниот дел на „Социјалистички модернизам во поранешна Југославија“, доц. Сандра Ускоковиќ дава синтеза на тенденциите на социјалистичкиот модернизам во архитектурата, што е илустрирано во ова тријазично издание со фотографии од 71 иконични и најрепрезентативни објекти, вклучувајќи ја нивната изворна состојба и статусот на нивната конзервација и заштита денес, како и мапа на локацијата на објектите.
Станбен комплекс, Љубљана, Словенија, (1975), Едвард Равникар
„Неодамнешната актуелизација на социјалистичкиот модернизам и неговата меѓународна валоризација се покажаа како предизвик за Западот, по исчезнувањето на границите, имајќи предвид дека и двете страни од пранешната блоковска поделба за време на студената војна страдаат од погрешни перцепции една за друга“, објаснува Ускоковиќ и додава: „Овој преглед на југословенската архитектура од 1948-1980. година претставува чекор кон помирување на многу европски (широки) дискурзивни стратегии и повторно подесување на источноевропските и средноевропските политики на идентитет, што е важно за генерацијата постсоцијалистички архитекти, која живее во време на навидум идеолошки неутрален плурализам.
Повоената архитектура на социјалистичка Југославија сведочи за променливоста на архитектонското творештво и концептуализацијата на модерната и современата архитектура, во која архитектите успеале да навлезат во традицијата и авангардата, уметноста и технологијата, економијата и естетиката, индивидуалноста и колективноста, како клучни фактори кои придонесуваат на модерниот живот и општество. Со нагласување на репрезентацијата на општествениот живот и животот на заедницата, создадена е архитектура која ги надминува основните функционални барања и рефлектира општествено чувствително и прогресивно општество“.
Книгите можат да се нарачаат онлајн на https://urbanicagroup.ro/ushop/ или на https://www.amazon.com/Socialist-Modernism-Yugoslavia-ASOCIATIA-Association/dp/
Хотел Златибор, Ужице, Србија (1981), Светлана Кана Радевиќ
Новобелградски блокови, изградени во 1970-тите. Урбанистичкиот план го потпишува Јосип Свобода, архитект Милан Миодраговиќ
Поранешна Тузланска банка, Тузла, БиХ, (1977) В. Стојановиќ
Градско собрание и споменик на НОБ, Колашин, Црна Гора (1975) Марко Мушич
Облакодери т.н Ракети, Загреб, Хрватска (1968) Вјенцеслав Рихтер, Берислав Сербетиќ, Љубо Ивета и Олга Кореник