Во Музејот на историја на уметноста (KHM) од крајот на октомври, ќе биде отворена голема изложба на славниот шпански сликар на барокот Диего Веласкез (1599 – 1660). Изложбата многумина ја сметаа за врв на есенската понуда на уметничката сцена во Виена.
Музејот за историја на уметност во Виена ги поседува некои од најпознатите „слики на кралските деца“ на Веласкез. Благодарение на музеите „Прадо“, Националната галерија во Лондон и њујоршкиот Метрополитен, за првпат во австрискиот главен град ќе бидат прикажани и некои други дела од овој уметник, како „Заспаната Венера“, „Поклонение на мудреците“ или „Дон Хуан Австриски“.