Во хамбуршкиот Museum für Kunst und Gewerbe (MKG) е отворена голема изложба посветена на модни илустрации. Изложба на повеќе од 160 цртежи и скици.
Долго време – до пронаоѓањето на фотографија, цртежот беше единствениот начин да се пренесат најновите трендови во светот на модата. Со појавата на фотографијата илустрациите не го загубиле својот шарм, а и денес сè уште се користат на страниците на водечките модни списанија. И самите дизајнери го преферираат скицирањето на своите идни колекции.
Новата изложба во Хамбург покрива дури 165 цртежи како фантастичен вековен моден пресек. Многу од овие цртежи се реализирани во модната индустрија, во модните куќи како што се Paul Poiret, Chanel, Christian Dior, Alexander McQueen, Rei Kawakubo и други. Скиците на славните дизајнери се комбинирани со делата на познатите модни илустратори кои работеле во различни децении на минатиот век, како што се René Gryuo, Antonio Lopez, Швеѓанецот Mats Gustafson и Швајцарецот François Berthoud.