Насловна / Арт и дизајн / Голема изложба на Џорџија О`Киф во „Тејт Модерн“ во 2016

Голема изложба на Џорџија О`Киф во „Тејт Модерн“ во 2016

800px-O'Keeffe-(hands)

За следната година, лондонската галерија „Тејт Модерн“ подготвува изложба посветена на познатата претставничка на американскиот модернизам Џорџија О`Киф (1887 – 1986). Ова ќе биде прва монографска изложба во Велика Британија во последните 20 години посветена на нејзините дела, што го следи нејзиниот уметнички развој од раните апстрактни експерименти до подоцнежните дела.9229-lot-11-okeeffe-jimson-weed

Од галеријата истакнуваат дека Џорџија О`Киф е вклучена во плановите за следната година од една „едноставна но клучна“ причина – на јавноста да ѝ се претстави на едно место опусот на О`Киф, што инаку ретко може да се организира бидејќи нејзините дела се раштркани по музеите ширум светот.

Georgia O'Keeffe With Painting In Desert, NM

Џорџија О`Киф во историјата на современтата уметност е запамтена по своите пејзажи и мртва природа во жанрот на магичниот реализам, а препознатлива е по мотивот на цветови кои често ги сликала, иако, според нејзино признание, не сакала претерано да ги слика. Нејзините слики се карактеризираат со јасни облици и фини премини во различни бои.026N09245_4HLWV

Опусот на Џорџија О`Киф понекогаш се класифицира и во прецисионизмот (уметнички правец кој се развил во САД во текот на 30-тите години на минатиот век), посебно нејзината серија слики со мотивот на облакодери. Позната е и како прва жена призната како уметница во САД.

640px-O'Keeffe_Georgia_Ram's_Head1500x1280

Родена во 1887 година како ќерка на двајца млекари од Висконсин, Џорџија О’Киф уште како дете веќе имала силна амбиција сликарството да биде нејзиниот животен пат. Откако скромно посетувала неколку часови по сликарство, во своите рани 20-ти заработувала како учителка на Средниот Запад. Дури откако еден пријател ги покажал нејзините рани скици на големиот фотограф Алфред Стиглиц во неговата галерија „291“ во Њујорк, започнала нејзината кариера. Со негово охрабрување и ветување за финансиска поддршка, О’Киф го напушта предавањето како професија и се сели во Њујорк каде ја започнува својата кариера како уметник, во јуни 1918 година.dscf4384okeeffee-poppy

И покрај тоа што бил 23 години повозрасен, Алфред Стиглиц сфатил дека ја сретнал жената на својот живот во интелектуална и емотивна смисла каква што е Џорџија О’Киф, која му била модел за едни од неговите најпознати фотографии.

Во текот на 20-тите години на минатиот век, Џорџија О’Киф насликала серија архитектонски слики, кои драматично ги исцртуваат големите облакодери и антенски погледи на Њујорк. Но, најчесто таа сликала пејзажи и ботанички студии, кои биле инспирирани од годишните патувања во летниот дом на семејството Стиглиц во Лејк Џорџ, Њујорк.georgia-okeeffe-paintings-art-3

Во нејзините зголемени, гро-планови на цвеќиња од 1924 година, го воведува гледачот директно во сликата. Зголемувањето на најситните ливчиња, за да се пополни целото 30 x 40 инчно платно, ги нагласува нивните форми и линии дотолку, што тие се чинат апстрактни, иако всушност се засноваат на нејзините набљудувања на природата.

Таа на цвеќето како мотив ќе му даде сосема ново значење и димензија. Инспирирана од фотографските леќи, Џорџија О’Киф цвеќињата ги претвора во „визуелни споменици“ што доминираат со својата впечатливост. Таа на едно место ќе напише „Одлучив дека кога би можела да го зголемам цветот до огромна мера, тогаш никако нема да можете да ја игнорирате неговата убавина“.E19276 in-the-patio-viii

Во 1929 година, Џорџија О’Киф разочарана на приватен план и уморна од својот професионален живот одлучила да замине во бесплодниот, пустински крај на Њу Мексико. Оваа преселба била тектонско поместување за уметноста на О’Киф и воопшто за историјата на американскиот модернизам.

Таму била фасцинирана од камената и „ладна“ убавина на природата, од пејзажот, луѓето, културата, пердувите, птиците, пустинските коски, карпите… и таму открила нов колорит што кај неа овозможил нова енергија и љубов за животот и затоа тука се враќала речиси секоја година повеќе од четири децении. Често ги слика карпите и планините во драматичен гро-план, како и сите предмети и растенија.

Нејзиното творечко наследство брои околу 900 дела.jimson-weed-3 O_Keeffe__Georgia_Church_Steeple o-keefe0009 okeeffe-georgia-ghost-ranch-landscape-w-frame pelvis-2 pelvis-iv ranchos-church-new-mexico Red Canna Bloom seated-nude georgia-o-keefe-rust-red-hills tate-modern-2016-01

Испрати коментар

Scroll To Top