Во април 2017, вкупната продажба на дизел автомобили во Германија забележала пад од 19%. Како главна причина за овој тренд се споменуваат интензивните политички дебати за воведувањето на забрана за дизел автомобили во центрите на одредени градови. Се работи за т.н зони со грижа за животната средина (Umweltzonen) во кои има рестрикции не само з адизел возилата туку и за сите возила со стандард понизок или еднаков на euro4.
Последен во низата градови кои ја разгледуваат опцијата за забрана на дизелашите, е центарот на германската автомобилска индустрија Штутгарт, додека од надлежните тела укажуваат на неопходноста од замана на старите дизел мотори кај постарите автомобили. Последниве трендови доведоа до состојба во која уделот на дизел возилата во вкупните продадени возила во Германија паднал на 41% наспроти минатогодишните над 50%. Сличен тренд се забележува и во Франција и во Италија.