И оваа година, традиционално, студентите од Факултетот за ликовни уметности во Скопје ја организираат нивната годишна изложба што ќе се одржи на две различни локации.
Изложбата, која е предвидена да се одржува два дена, ќе започне во вторник (17 мај), во 19:30 часот во Галерија на ФЛУ, при што свечено ќе им бидат доделени награди на студенти. Потоа е организирана посета на атељеата по сликарство, вајарство и ликовна педагогија, а вечерта е резервирана за музичкиот микс на диџеј Гоце Саф.
Во среда, пак, од 19 часот ќе се одржи посета на атељеата по графика, графички дизајн, сликарски техники и сликарска технологија во објектот „Сули ан“, во Скопска чаршија, а за забавата е задолжен Игор Новоградска.