Насловна / Архитектура / Годишна изложба на студентите 2016/2017 на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС: Доаѓаат нови креативни архитектонски генерации

Годишна изложба на студентите 2016/2017 на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС: Доаѓаат нови креативни архитектонски генерации

„Архитектурата пред сè“ е мотото коешто секоја година служи како инспирација да се направи нешто ново и креативно во презентирање на студентските трудови собрани во текот на една учебна година. Така и оваа година, на 1 јуни во Националната галерија Чифте амам, беше отворена осмата по ред годишна изложба на студентите од Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, кој оваа година одбележува 10 години од своето постоење.20170601_131424

Годишната изложба ја претставува работата на студентите од сите пет академски години. Направена е поделба на проектите по групи на предмети (архитектонски конструкции, визуелни уметности, проектирање), секоја група сместена во посебна просторија. Во главната сала се поставени и просторни инсталации од скеле, кои дополнително прават просторна поделба на предметите по години и со својата висина и длабочина овозможуваат дополнителен простор за изложување на цртежи и просторни модели.20170601_124104

Карактеристично за оваа академска година, за првпат на предметот Студио 1 во 4-та година е соработката со визитинг професорот Симон Хартман, партнер во студиото ХХФ архитекти од Базел, Швајцарија. Студентите работеа на локација на поранешната фабрика „Треска“, со цел да се проектира објект кој со својата просторна конфигурација се испреплетува во постојната архитектонско-урбанистичка слика на зададената локација.

Исто така, во соработка со општина Крушево произлегоа повеќе предметни задачи работени во Крушево и околината, како и работилница во склоп на предметот Архитектонско проектирање 6-Колективно домување со хрватскиот архитект Винко Пенезиќ.2017-06-01 20.50.25

Резултатите од работата на предметот Македонска архитектура и уметност 19-20 век, каде секоја година се обработуваат објекти од современата македонска архитектура, сега беше претставена како „Отворена архива“, која ја дополни поставката на изложбата преку интеракција помеѓу посетителот и изложените трудови. Студентите со тоа што ги поставија нивните цртежи, со можност секој да скине по еден лист од изложбеното пано, придонесуваат во архивирање и запознавање на пошироката јавност со вредни објекти од еден значаен период.

2017-06-01 20.15.46

Како и претходните години, изложбата е можност за претставување на студентските идеи и погледи, кои докажуваат дека доаѓаат прогресивни и креативни архитектонски генерации.

2017-06-01 21.05.59 2017-06-01 16.05.53 2017-06-01 16.15.35

Паолина Милушева, архитект

Максим Наумовски, архитект

Испрати коментар

Scroll To Top