Насловна / Архитектура / Годишна архитектонска изложба на студентски проекти на МИТ Универзитетот

Годишна архитектонска изложба на студентски проекти на МИТ Универзитетот

Студентската изложба со проектите изработени од студентите на МИТ Универзитет, Факултетот за архитектура, Скопје ќе се отвори на 19. 06. 2023 година (понеделник) во галеријата КО-РА (Дом на градежниците, Скопје).

Овогодинешната тема е: “Примена на еко системи во современиот архитектонски простор” и се состои од 30тина проекти работени во текот на академската 2022/2023 година.

Традиционално, ќе се доделат и признанија за најдобрите проекти во три категории: најдобар дипломски труд, најдобар магистерски труд и најдобар стручно-истражувачки проект.

351260974_672594534883051_5343598975425684581_n

„Новите концепти генерираат архитектура која се темели врз природата и околниот природен пејзаж и овозможува негово функционирање како еко систем. Важноста на овие задачи е да се препознаат природните и еколошките вредности на местото и на тој начин да ги инкорпорира во секојдневниот живот на луѓето, притоа подигајќи го социо-културниот живот, задоволување на сите потреби и овозможувајќи хуман престој/домување/работа.

Во локациите, кои се обработуваат во изложените проекти, се создава активна природа која е од големо значење не само за локалното население во потесен контекст, туку и за градот во поширок контекст“, велат од МИТ и додаваат: „Темата на овогодинешната студентска изложба со проектите изработени од студентите на МИТ Универзитет, Факултетот за архитектура го трансформира постоечкиот архитектонскиот простор изнаоѓајки начини за поврзување на природата со објектите и урбаните простори со цел поуспешно справување, надминување и отфралње на бариерите поставени од негативата реалност“.

Испрати коментар

Scroll To Top