На панелот „Обновливи извори на енергија и паметни решенија“ одржан во рамките на Самитот „Македонија 2025“ во Скопје, се обрати заминик градоначалникот на Љубљана, Тјаша Фицко, која истакна дека Љубљана спровела највеќе промени во областа на заштитата на животната средина во најкраток рок. „Ако сакате да ги привлечете луѓето да дојдат во Вашиот град, морате да понудите квалитетна животна средина и квалитет на живот воопшто, и тоа на високо ниво.“
Таа објасни дека уште во 2007 година Љубљана ја зацртала визијата за зелен град, и имала сила да спроведе важни мерки, и да ги спроведе веднаш, што резултирало во титулата „Зелена престолнина на Европа за 2016“. „Многумина не веруваа дека градските власти ќе можат да ги применат сите свои одлуки, како на пример затворањето на центарот за сообраќај. Но, без радикални промени, како и зачувување на она што е добро, нема напредок и обезбедување висок квалитет на живот“, подвлече Фицко.