Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) утре (4 јули) со почеток во 12 часот организира прес-конференција насловена „Го сакам ГТЦ повеќе од кога било“ по повод продолжување на иницијативата Градскиот трговски центар во Скопје да не го менува својот идентитет.
Местото на одржување на настанот е во монтажната галерија „САС“ во Градскиот парк (Франкофонски парк) на Скопје.
Свои излагања ќе имаат Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседател на ААМ и Бисера Јакимовска, раководител на сектор за урбанизам на општина Центар.