Стражарските служби на општина Центар започнаа со работа. Чуварите ќе бидат на располагање на граѓаните секој ден од 20.00 до 4.00 часот.
Нивни задолженија ќе бидат:
-заштита на зеленилото во регионот
– заштита на урбаната опрема и инвентарот
– грижа за вашата безбедност
Во изминатите години, општина Центар се посвети на разубавување на маалата, реконструкција на зеленилото, поставување на нова урбана опрема и нови детски игралишта.
Сега сето ова создадено, треба да се заштити, за да остане и за следните генерации.
Овој проект за поставување стражарски куќички со чувар е на барање на граѓаните, и тие ќе бидат поставени на повеќе локации во Центар. Првите куќички се поставени во Градски ѕид и Капиштец.
Општина Центар ги повикува граѓаните на соработка.