Насловна / Вести / Гнездечки платформи на далекуводите за заштита на царските орли

Гнездечки платформи на далекуводите за заштита на царските орли

Во рамките на проектот за зачувување на царските орли во Македонија, кој е финансиран од фондацијата „Rufford“ од Англија, деновиве се поставуваат десет нови гнездечки платформи за царски орли на далекуводот од Штип кон Србија. Поставувањето на гнездечки платформи во рамките на проектот е започнато уште од 2014 година преку Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, а во соработка со АД- Мепсо и ЕВН- Македонија.  Досега во два наврати во 2014 и 2016 година беа поставени четириесетина платформи и тоа на далекуводот од Велес кон Дуброво и далекуводот од Штип кон бугарската граница.

Изработката на овие модифицирани гнезда е сложен процес, како и нивното поставување на далекуводите, но ангажираноста на Здружението „Аквила“ и вработените од АД Мепсо и ЕВН – Македонија секако е добар придонес во зачувувањето на овој вид орли во земјата. Македонија е една од ретките европски земји каде сеуште се застапени царските орли (Aquila heliaca).

carski 3

carski 2

 

Испрати коментар

Scroll To Top