Од 13 февруари Gmail ќе почне да ги блокира датотеките што содржат JavaScript, па секојпат кога ќе се обидете да прикачите таков фајл, со завршеток .js, ќе добиете предупредување.
И Google во повеќе наврати предупредува дека таквите датотеки често се злоупотребуваат од хакерите, за да дојдат до нечиј компјутер и лични податоци.
Gmail веќе го ограничи испраќањето датотеки со завршеток .exe, .bat и .msc, па сега тие може да се праќаат само како зип датотеки.