Насловна / Вести / Глумењето зелени политики стана корпоративна уметност

Глумењето зелени политики стана корпоративна уметност

Секојдневно уриваме рекорди – најтопол ден по просечна глобална температура измерена досега, најтопла недела, најтопл јуни, највисоки температури на океаните, најниско ниво на морски мраз. Поради ова, лесно е да се превидат неколку важни податоци. Важни се не само затоа што уште појасно ја покажуваат тешката ситуација во која се наоѓаме, туку затоа што ја откриваат политичката слабост што нè прави неспособни да се соочиме со оваа неволја.

k6

Во населбата Fort Good Hope, која се наоѓа на 66,2 степени северна географска широчина на северозапад од Канада – што би се рекло, само неколку километри под арктичкиот круг – пред минатата сабота беа забележани 37 степени Целзиусови, четири степени повисоко од претходниот рекорд. Во градот Норман Велс, малку појужно, температурата беше близу 38 степени Целзиусови. Тоа се речиси рекордни температури забележани било каде на север; таму беше потопло во текот на викендот отколку што било кога било во канадската престолнина Отава, кој се наоѓа на околу дваесет степени географска широчина појужно. Канада не е единствена: Пекинг бележи долга низа денови со температури над 35 степени Целзиусови во рекорден топлотен бран кој погодува стотици милиони луѓе – при што властите ги претворија засолништата, од кои некои датираат од јапонската инвазија во 1937 година, во центри за разладување. Во Кувајт и Ирак температурите достигнаа до 50 степени. Африка на почетокот на месецот ја забележа најтоплата ноќ на своето тло досега, а температурата во едно место во Алжир не се спушти под 39 степени Целзиусови.

k11

Токму како што предвидуваа научниците, таквите температури предизвикуваат каскадна низа катастрофи ширум светот. Запомнете, еден од суштинските факти на нашиот век: топлиот воздух задржува повеќе водена пареа отколку студениот. Во сувите предели тоа предизвикува суши, но целата таа вода од воздухот мора некаде да се спушти. Во изминатите денови видовме разорни поплави и лизгање на земјиштето во Јапонија (медиумите јавуваат дека врнежите практично го блокирале југозападниот дел на Јапонија), во Кина – каде повеќе од десет луѓе загинаа во сезонски планински поплави, дури и среде топлотен бран, во северна Индија, каде што мостовите и зградите се урнаа во реки; во Шпанија, по чии улици водата носеше автомобили; и во долината Хадсон, каде што патиштата беа однесени, а историските згради во Вест Поинт тешко оштетени. Додека го пишувам ова, мојата област во Вермонт е под предупредување за поплави со висок ризик; малку јужно од нас, спасувачите ги извлекуваа камперите од пороите, додека центарот на главниот град Монпеље беше катастрофално поплавен.

k10kk

Значи кризата е насекаде – затоа се нарекува глобално затоплување. Но, случајот со Канада е интересен, бидејќи тоа е либерална демократија со силен еколошки сентимент – неодамнешните анкети покажале дека 75% од Канаѓаните се загрижени за климатските промени; оваа загриженост 21% од жителите ја наведуваат како причина поради која имаат помалку или воопшто немаат деца. Канада од прв ред го следи развојот на кризата: Арктикот се загрева побрзо од кое било друго место на Земјата. Сред вонредниот топлотен бран оваа пролет, шумските пожари оваа година веќе изгореа повеќе од која било досега откако се водат мрења – досега сезоната на пожари проголтала за 1.400 отсто повеќе шуми од вообичаеното. Трошоците за овој вид промени се огромни: пред почетокот на сезоната на пожари, економската анализа на Канадскиот климатски институт сугерирала дека климатските промени би можеле да го намалат економскиот раст на нацијата на половина до 2025 година. До 2050. би можело да бидат изгубени половина милион работни места „воглавном поради големите горештини кои ја намалуваат продуктивноста и предизвикуваат прерана смрт“. Како и Чикаго и Њујорк, канадските градови често го имаа најлошиот квалитет на воздухот во светот ова лето; Триатлонот Ironman во Монтреал беше откажан бидејќи човечките бели дробови не можат да го издржат напорот во такви услови.

k8

Сепак, се чини дека ништо од тоа не е доволно за суштински да се промени политичката динамика, во која продолжува да доминира индустријата за фосилни горива. Владата на Џастин Трудо помпезно објави план за драматично намалување на емисиите до 2030 година, можеби дури 45% под нивото од 2005 година, во согласност со она што климатолозите го поставија како неопходна цел. Недолго потоа, по состанокот во јуни со официјални лица од провинцијата Алберта богата со нафта, министерот за природни ресурси Џонатан Вилкинсон објасни: „Ние се обврзавме да ги ограничиме емисиите од нафтата и гасот. Но, постојат многу различни начини да го направите тоа. Се позтавува прашање на флексибилност и вид на дизајн.“ Така, целите може да се намалат, распоредите да се заборават, па Канада да одлучи да го вброи зголемениот извоз на фосилни гасови како метод за намалување на јаглеродот. (Државата е во процес на изградба на својот прв терминал за извоз на течен природен гас на брегот на Британска Колумбија.)

k00

Аргументот е дека канадскиот природен гас ќе го замени јагленот кој согорува некаде на друго место, но всушност, природниот гас веројатно ќе ја замени обновливата енергија, иако метанот што се ослободува во текот на целиот процес го прави подеднаква закана за климата како и јагленот. Задачата на владата е да покаже што е можно поголем напредок (да ги смири петина од Канаѓаните кои се премногу загрижени за да раѓаат деца), а притоа да избегнува политички проблеми со индустријата. (На секои неколку часа, четбот на Твитер ажурира список со состаноци за лобирање меѓу нафтената индустрија и официјални лица на Отава.) На прашањето за отстапки на индустријата, Вилкинсон одговори: „Оној што мисли дека јаглеводородите ќе ја изгубат својата улога, треба да се сети што ставаат на својот синџир за велосипеди.“ Не знам колку светот троши мазива за синџири за велосипеди, но јас го купувам во пакување од 80 грама и ми трае долго. Претпоставувам дека 45 минути производство од огромниот катрански песок на Алберта ќе го подмачка секој синџир што постои, отсега па додека не ескплодира сонцето. Во секој случај, ваквото недоразбирање го подмачкува нашето лизгање во климатскиот хаос.

k4

Не е фер да се прозива само Канада. Во Соединетите Држави, претседателот Бајден се запиша во наследството на еколошката борбата со усвојување закон за намалување на инфлацијата, но неговата администрација исто така одобри огромни проекти за нафта и течен гас на Алјаска, нафтоводот Mountain Valley во двете Вирџинии и многу офшор лизинг – а можеби ќе поддржи и големи терминали за течен гас на брегот на Мексичкиот залив. Во Обединетото Кралство, лидерот на лабуристите, Кир Стармер, изјавува дека „мрази луѓе кои гушкаат дрвја“, веројатно затоа што бараат повеќе акција отколку што неговата партија е подготвена да прифати како обврска. Кина гради огромна инфраструктура за обновлива енергија, но и за јаглен, бидејќи легитимитетот на владата зависи од постојаното одржување на економскиот раст. И така по ред: политичарите се обидуваат да ја натераат јавноста да види колку работат на решавање на климатските промени, но тоа никако да не ги вклучи во спор со индустријата. Мислат дека зелената инфраструктура што ја градат на крајот ќе ги нивелира емисиите на фосилни горива што не ги спречуваат.

k1

Соларната енергија и енергијата од ветер се евтини и со текот на времето економијата ќе си ја заврши работата, но времето е она што го немаме, како што температурите овој месец веќе јасно покажуваат. А секогаш кога ќе се изгради нов гасовод или ќе се избуши ново нафтено поле, времето за транзиција се продолжува. Еден пристап, кој го застапува канадската активистка Cepora Berman, може да биде договор за неширење на фосилни горива; но досега има поддршка од само мал број островски држави во Тихиот Океан, вклучувајќи ги Вануату и Тувалу, кои заедно имаат околу 340.000 жители. Активистите се обидоа да го искористат преговарачкиот процес на конференциите за климатски промени на Обединетите нации за да извршат некаков вид постепено укуинување на фосилните горива, но овогодинешната сесија COP28 – закажана за ноември во Дубаи – ќе ја води извршниот директор на државната нафта компанија, која сака драматично да го зголеми своето производство. Глумењето зелени политики стана корпоративна уметност.

k2

Значи, ќе мора да продолжиме со јавните кампањи, но во моментов тие не произведуваат доволен притисок кој би ја променил пресметката на претседателите на државите и извршните директори на корпорациите. Делумно, тоа е затоа што секој политички напредок – како, да речеме, Законот за намалување на инфлацијата – служи за ослободување на политичарите од итноста да направат повеќе: Бајден сега може да каже дека направил повеќе од кој било друг претседател за справување со климатските промени (се разбира, неговиот најголем ривал сето тоа го нарече измама). Собир на активисти во Њујорк е планиран за средината на септември, во исто време кога генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, свика самит за климатските амбиции. Намерата на активистите е да побараат од Бајден, кој можеби ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН, почитување на целите на Гутереш за ставање крај на експанзијата на фосилните горива, особено што САД сè уште се водечка земја во светот во производството на нафта и гас. Меѓутоа, додека ги трпиме последиците од последниот топлотен бран, се чини дека е потребно многу повеќе – како демонстрациите за Денот на планетата Земја пред половина век, кои изнесоа десет отсто од населението на САД на улиците. Ерупциите од вакви размери ја менуваат политичката реалност. А тие ерупции обично не се вкоренети само во страв и гнев, туку и во љубов и решителност.

k7

Големото излевање на нафта во Санта Барбара во 1969. година, кое беше предизвикано од платформа на околу 10 километри од брегот на Калифорнија, беше еден од мотивите за прогласување на првиот Ден на планетата Земја, во април 1970 година. Луѓето беа огорчени од глетката на мртви морски птици натопени со нафта , но се бореа и да го зачуваат она што го сакаат: океанот, плажата, можноста да седат мирно на песокот. Незапамтен топлотен бран деновиве предизвикува оправдан страв, но треба да не потсети и колку е скапоцено ветрето, колку е извонреден син зимски ден и колку е драгоцена свежината на ноќта.

k3

Надојдената река на 500 метри од мојата куќа ме плаши, но ме потсетува и на тоа колку е неверојатно убава. Оваа планета е сè уште возбудливо убава и таа убавина мора да биде она што нè поттикнува на акција. Како и убавината што луѓето се во состојба да ја изведат: смртоносната моќ на сонцето, со помош на панели, можеме да ја претвориме во електрони со кои ќе ги ладиме нашите домови за време на топлотните бранови. Ако сето тоа звучи претерано, научниците велат дека претходната недела соборила рекорди за најтоплиот ден во последните 125.000 години, што не турка до самиот раб на преживување. Последн час е за преиспитување.

Извор: The New Yorker, автор: Bill McKibben

Испрати коментар

Scroll To Top