Насловна / Вести / Глобалното затоплување помеѓу профитот и опстанокот

Глобалното затоплување помеѓу профитот и опстанокот

На Гренланд и ширум Арктикот, ледот се топи со загрижувачко темпо. Глобалната катастрофа која го загрозува опстанокот на  живиот свет демне над оваа територија. Загрозени  се бројни животни, како и крајбрежни заедници. И додека целиот свет се прашува како да се намалат последиците од глобалното загревање, има и такви кои во оваа несреќа гледаат лична корист.  Во близина на  градчето Илулисат на Гренланд, локалните рибари секојдневно ловат огромни количини риба. Имено, како што се топи ледот на Гренланд,  рибата е речиси „на тацна“ на рибарите кои дури и не мора многу да се трудат за да ја уловат.

Топењето на ледот значи и подолга риболовна сезона, а и рибари се опремени со современи уреди, па дневно ловт по стотина килограми. Таквиот масовен улов има свои последици. Остануваат мали количини главно ситна риба. Бидејќи морето станува потопло, различни видови риба го  пронаоѓаат свој0т пат до Гренланд. Тоа не е  нивна природна маршрута и не е добро да ги менуваат своите живеалишта. Од друга страна, халибут, една од најдрагоцените риби од ова подрачје, бара поладна средина и заминува на поголеми длабочини подалеку од брегот, па поретко се лови.  Сите овие околности ќе станат голем проблем веќе во блиска иднина.

Предупредувајќи на фактот дека науката малку го познава екосистемот на ова подрачје, истражувачите од целиот свет се здружиле во намерата да се ограничи или збарани уловот на риба на Арктикот во наредните 16 години.

overfishing1

overfishing2

overfishing3

Испрати коментар

Scroll To Top