Вложувањата во „чиста енергија“ во текот на 2014-та забележале раст од 16%, односно на глобално ниво изнесувале 310 милијарди долари. „Bloomberg New Energy Finance“ јавува дека вложувањата во ветерници, соларна енергија, биогорива и други нискојаглеродни технологии се со раст за првпат по 2011 година.
Главната причина за овој тренд е зголемувањето на инвестициите во обновливи извори во Кина, како и рекордните вложувања во „offshore“ ветерници. Голем дел од вложувањата бил насочен и кон електричните возила. Кина е најголем инвеститор во обновливи извори за 2014 година, со забележан годишен раст во оваа индустрија од 32%. Најмногубројната нација во светот и официјално е најголемиот светски пазар за соларна енергија.