Насловна / Вести / Глобалните емисии на јаглерод ќе достигнат нов максимум во 2023 година

Глобалните емисии на јаглерод ќе достигнат нов максимум во 2023 година

Стручњаците предвидуваат дека глобалните емисии на јаглерод диоксид ќе забележат раст за 1% и така ќе достигнат нов максимум во 2023 година. Предупредуваат дека во оваа деценија емисиите на јаглерод диоксид ќе мора да се намалат за речиси 50% со цел да се остварат зададените цели, а тоа се ограничување на глобалното затоплување и избегнување на катастрофалниот ефект за климата. Оваа година глобалните емисии на јаглерод диоксид требаше да паднат за околу 5%, рекол Глен Петерс, директорот на Институтот за истражување на климата CICERO, со седиште во Норвешка. Но, се случува токму спротивното. Истражувањето кое го има спроведено овој Институт, покажало дека овие емисии продолжуваат да растат, а врз основа на сегашните очекувања оваа година може да се очекува раст на емисиите во опсегот од 0,5 до 1,5%.

carbon1

Конечната анализа ќе биде објавена во декември. Тогаш светските челници ќе се состанат на клучните преговори на ОН за климатските цели во ОАЕ, односно во Дубаи. Главната тема ќе биде иднината на фосилните горива. Претходно во текот на годините, Меѓународната агенција за енергија (IEA), предупреди на негативното влијание од зголемувањето на инвестициите во фосилни горива, како и на „исклучително високите емисии“ во текот на економското опоравување после пандемијата и енергетската криза.

carbon2

 

Испрати коментар

Scroll To Top