Насловна / Вести / Глобален договор за намалување на штетните флуиди од ладилните уреди

Глобален договор за намалување на штетните флуиди од ладилните уреди

konferencija-za-montrealski-protokol-dubai

Во саботата, во Руанда, 196 земји после седум годишни преговори постигнаа компромисна спогодба за намалување на употребата на штетните гасови (фреони), односно HFC, кои се причина за создавањето на ефектот на стаклена градина, а се користат како ладилен медиум кај ладилниците и клима уредите. Негативното влијание  на овие соедниненија врз животната средина може да биде и до 10.000 пати посилно од јаглерод диоксидот.

Rwanda Climate Meeting

Според Договорот од Кигали во Руанда, земјите се поделени на три групи според обврските кои ги имаат во поглед на намалувањето на употребата на фреоните. Развиените земји вклучувајќи ги САД и најголемиот дел на европски земји, имаат обврска целосно да ги исфрлат од употреба овие соединенија во значителен обем, односно за 85% до 2036. Доколку овие цели се спроведат, се смета дека ќе се постигне огромен чекор во борбата со климатските промени. Најголеми светски производители на HFC се Кина и Индија, а спогодбата од Руанда се смета за продолжение на Протоколот од Монтреал од 1987 чија главна цел беше заштита на озонската обвивка.  Здруженијата за заштита на животната средина повикуваат на уште поамбициозни мерки и предупредуваат на штетата која до 2050 година ќе ја направат 1,6 милијарди клима уреди со сомнителен квалитет на употребените ладилни медиуми кој се широко распространети меѓу средната класа во Азија, Латинска Америка и Африка.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top