Насловна / Вести / Главоболки за Илон Маск: „Мерцедес“ ја претстави новата електрична лимузина со домет од 1000 километри

Главоболки за Илон Маск: „Мерцедес“ ја претстави новата електрична лимузина со домет од 1000 километри

Револуционерната електрична лимузина, која со едно полнење ќе може да мине дури 1000 километри, во „Мерцедес“ беше најавена уште во 2019 година. Ветувањето е одржано. Две години подоцна, на саемот на потрошувачка електроника CES во Лас Вегас, го претставија (само дигитално поради пандемијата), новиот EQXX. Според изгледот, потсетува на Concept IAA претставен во 2016 година. Засега новото возило е во фаза на прототип, но јасно е дека има бројни предности во однос на конкуренцијата. Тајната е првенствено во најаероднинамичната каросерија на светот – коефициентот на отпорот на воздухот е само 0,17. Досегашниот рекорд го држење уште еден модел на „Мерцедес“, минатата година претставениот EQS со коефициент 0,2. Но, не е важен само коефициентот на отпорот. За вкупниот отпор на воздухот важна е и челната проекција, која во случајот на овој автомобил изнесува 2,2 квадратни метри.

eqxx1

eqxx2

eqxx3

 

Најинтересниот дел од автомобилот се сепак батериите од новата генерација од 100kWh. Повеќе од 200 ќелии во четири реда се сместени во куќиште од јаглеродни влакна и остатоци од шеќерна трска, материјал кој оваа компанија го користи и во „Формула 1“. Батериите се изработени во кинеската компанија CATL, која ги изработува и батериите за EQS, и тоа рачно, бидејќи сеуште не е развиена технологија за изработка на батерии со анода од силициум. Која е предноста на ваквите батерии? Целата батерија заедно со инверторот има маса од 495 килограми, што е дури 30% помалку во однос на EQS моделот, па и вкупната маса е прилично мала за една електрична лимузина – само 1750 килограми. Затоа и не треба да чуди фактот што потрошувачката според стандардот WLTP е под 10 kWh/100 km.

eqxx4

eqxx5

eqxx6

Испрати коментар

Scroll To Top