Насловна / Архитектура / Главното седиште на Mountain Equipment Co-op – концепт кој треба да го следат новите генерации

Главното седиште на Mountain Equipment Co-op – концепт кој треба да го следат новите генерации

Кандската компанија Mountain Equipment Co-op (MEC) е една од најпрогресивните компании коишто продаваат планинарска и спортска опрема, која своето работење го темели на филозофијата за корпоративна, социјална и еколошка одговорност од самото основање во 1971 година. Со секој нов објект кој започнува да го гради, MEC ја надградува својата агенда за одржлива и зелена архитектура.glavno sediste na mec vo vankuver_03

Дрвото како градежен материјал игра значајна улога во агендата на компанијата. Објектите што ги граделе низ времето, како на пример двете продавници во Отава и Бурлингтон (Онтарио) се изградени од монтажно-демонтажни дрвени конструкции.

glavno sediste na mec vo vankuver_01

Најновиот проект на канадската компанија е нејзиното главно седиште во Ванкувер, објект со четири ката, изграден од масивна дрвена конструкција и вкупна површина од 12.000 м2. Проектот е изработен од архитектонското студио Proscenium Architecture + Interiors Inc. со кое компанијата MEC има долгогодишна соработка во градење на објекти со дрвени конструкции.glavno sediste na mec vo vankuver_08

Архитектонското решение на објектот е изработено со две крила кои се поврзани, додека неговата ориентација ја оптимизира сончевата светлина и природната вентилација. Организацијата на просториите во објектот е решена така, што повеќе дневна светлина да влегува во канцелариите што се проектирани блиску до отворите на надворешните ѕидови, додека придружните простории се во центарот на објектот каде нема потреба за природна светлина.glavno sediste na mec vo vankuver_09

Двете крила на објектот се сечат во големиот централен атриум каде вработените можат да се состануваат на пауза. Атриумот, светлите канцеларии и многу други добри решенија во објектот ја демонстрираат посветеноста и грижата на MEC за благосостојба на вработените додека се на нивните работни места. Изборот на дрво како главен градежен и декоративен елемент во објектот само ја потврдува грижата и посветеноста на MEC. Дрвото создава топли и пријатни работни простории, карактеристика која не може да се добие со друг материјал.glavno sediste na mec vo vankuver_05

Идејата за едноставност, економичност и флексибилност на објектот се надополнува со изборот на дрво како конструктивен материјал. Објектот е конструиран со скелетен систем на греди и столбови со вкрстено слепени плочи од масивно дрво како меѓукатни плочи. За да се регулира промената на димензиите на дрвото, која може да биде значителна во објекти со повеќе ката, конструкцијата е решена со столбови кои се високи само колку еден кат.glavno sediste na mec vo vankuver_04

Дрвените столбови се поврзани со хоризонталните конструктивни елементи, со што се формира висина на едно ниво и се продолжува нагоре во ист стил. Поврзувањето на сите конструктивни врски се прави со метални конектори специјално изработени за објектот. Ова конструктивно решение овозможува 60 минути противпожарна заштита. Објектот, исто така, е изграден по стандардите за постигнување на LEED сертификација (Leadership in Energy & Environmental Design), додека менаџментот на компанијата уверува дека објектот ќе биде за 70% енергетски поефикасен од конвенционалните комерцијални објекти, со што има минимално влијание врз човековата околина.glavno sediste na mec vo vankuver_10

Новиот дом на компанијата MEC е завршен на есен 2014 година. Објектот ги задоволува сите нејзини основни потреби и вдомува вкупно 375 вработени. Интересното решение на објектот овозможува поглед и во минатото и во иднината. Во 19 и раниот 20 век, голем дел од канадските комерцијални објекти се изградени во духот на дрвените конструкции. Овој систем е избран заради неговата економичност, цврстина и издржливост, и многу примери за овие карактеристики сè уште можат да се видат.glavno sediste na mec vo vankuver_06

Модерното градење со дрвени конструкции ги потврдува и продолжува искуствата и знаењето од минатото, но со новите технологии знаењето за дрвото се продлабочува дополнително во насока на зголемена конструктивна стабилност, зачувување на човековата околина, самоодржливост и здраво живеење. Овие модерни концепти, кои се веќе препознаени од општеството, се централни во филозофијата на компанијата MEC, и ги потврдува во својата 40-годишна работа.glavno sediste na mec vo vankuver_04

Новото седиште на компанијата може да служи како прототип на концепт кој треба да го следат и да го развиваат новите генерации. Изградбата на овој објект не е само бенефит за компанијата, туку многу придонесува и за градот. Градот Ванкувер е во константна трка да биде „најзелен град во светот“ до 2020 година, а пак властите исто така сакаат стариот индустриски дел во Ванкувер да биде „најзелено место за работа во светот“, потикнувајќи ги архитектите и градежниците да бидат во врвот на одржливата архитектура и иновациите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top