Завршена е главната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк. Автори на проектот: Проектно биро – Skidmore, Owings & Merill
Кулата на Светскиот трговски центар треба да биде главен објект во комплексот замислен од авторот на генералниот план Даниел Либескинд. Се разбира, со рушењето на кулите близначки од 11 септември 2001 год., овој проект доби дополнително политичко но и психолошко значење.
Објектот Број 1 доби име „Кула на слободата“, со симболична висина oд 1176 фита (541 м), во чест на 1776 год. – кога е донесена Декларацијата за независност на САД.
Кулата е највисока во САД , а четврта во светот, со 104 етажа. На 325.500 м2 вкупна површина, покрај канцелариски содржини има сè друго за еден таков комплексен објект, до набљудувачница при врвот, која ќе се отвори во 2015 год. Планот на кулата од квадратна во основата, се трансформира во осмоаголна на повисоките катови, за да најгоре заврши повторно во квадратна. И покрај атрактивноста на објектот и неговата местоположба, во центарот на светскиот бизнис сè уште се слободни над 40% од понудените површини за издавање.