Шри Ланка потпиша спогодба со Кина за преземање на мнозински удел во пристаништето Хамбантота, кое се наоѓа на главната рута помеѓу Азија и Европа. Спогодбата е потпишана во главниот град Коломбо, шест месеци откако беше потпишана рамковната спогодба, која беше на удар на критики и протести. Документите ги потпишаа државните национални компании за стопанисување со пристаништата во Кина и Шри Ланка во присуство на официјални претставници на двете земји.
Со спогодбата се предвидува, кинеската компанија да вложи 1,12 милијарди долари во пристаништето кое се наоѓа на југот на Шри Ланка. Според нацрт спогодбата на Кина би требало да и се продаде 80% од пристаништето. Кинеската компанија ќе биде задолжена за комерцијалните операции, додека Шри Ланка за безбедноста.
Со овој потег Кина извојува сериозна победа над Индија на геостратешки план, со оглед на фактот дека си обезбеди свое присуство и контрола врз значајни поморски рути во Индискиот Океан.