Познататата руска дизајнерка Екатерина Лашманова имала слободни раце во опремувањето на овој простран стан во центарот на Москва. За еден млад пар со дете, Лашманова осмислила ентериер со силен визуелен контраст, смели комбинации на бои и луксузни парчиња на мебел и детали кои го прават целиот простор да делува раскошно и топло.
Дневниот престој со големата висина на таванот и огромните отвори од подот до таванот се искористени за да му дадат на станот луксузна нота.
Класично дизајнираниот мебел со освежувачката колоритна палета на бои му дава „пош“ изглед на просторот, додека централно поставената златна маса Wave на Boca do Lobo внесе во овој простор еден софистициран и современ изглед.
Валерот од сини тонови со нежните крем нијанси се во совршена хармонија со геометриските плочки на подот, но и со златните детали на светлечките тела.
Раскошната дрвена врата во црна боја, која ја дели дневната соба од кујната, му дава на станот прекрасен изглед.
Од мебел до завеса – сè во овој стан е правено по мерка за да ги задоволи високите естетски стандарди.
Нежните бои преовладуваат со спалната соба во која доминира високо тапацираниот кревет, раскошниот лустер но и драпериите кои со својата „валкана“ розова боја дополнително ја затоплуваат атмосфера.
Во рамките на спалната соба креиран е и дневен блок со софа која нуди поглед на центарот на Москва.
Детската соба, исто така, е направена во нежна колоритна палета, а најдоминантен е наслонот на креветот што се протега се до плафонот.
Гламурозната бања со своите смели розови орманчиња и art nouveau златното огледало му даваат на просторот фанки изглед.
Големо внимание е посветено и на ходникот. Него го красат плакари во боја на месо, кои по потреба ги скриваат и откриваат тоалетот и гардеробите.