Насловна / Арт и дизајн / Ѓоковиќ доби мурал во Мелбурн

Ѓоковиќ доби мурал во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, градот каде светскиот рекет број еден освои осум гренд слем титули, доби интересен мурал. Муралот е дело на локалниот уметник Monty Paink кој е ангажиран од Australian Open да креира мурали на тениските ѕвезди во Melbourne Park.  Тој направи „тениска серија“ која се состои од пет уметнички дела.

1_resize

Покрај Ѓоковиќ, прикажани се и Рафаел Надал и тенисерките Серена Вилијамс, Наоми Осака и Ешли Барти.

5_resize

Кога австралискиот новинар Luk Denehi го извести Ноле за муралот, на кој е прикажан токму најдобриот тенисер на светот, Ѓоковиќ на Twitter одговори: „Ова е неверојатно!“

4_resize

6_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top