Во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје, денес се одржи промоција на реконструкцијата на покривот и на фасадата на СУГС „Јосип Броз –Тито“, со што ова училиште стана енергетски ефикасен објект.
Заменети се речиси сите прозорци во енергетско ефикасни, извршено е замена и на покривот и направена е нова енергетски ефикасна фасада. Таа е направена со финансиска подршка од УНДП и чини 3.905.717 денари, а Градот учествува со 2.331.300 денари.
Градот во изминатите години изврши гасифиција на две средни училишта(СУГС„Горги Димитров“ и СУГС„Здравко Цветковски“),во тек е и гасификацијата на СУГС„Зеф Љуш Марку“ и СУГС „Арсени Јовков“, средствата коишто се инвестираат во овој проект се враќаат за помалку од две години, а има заштеда од околу 50 %.
oooooozzzzzzzzzzzzzzzzzzzzmmmmm