Францускиот уметник JR нацрта гигантска слика на пешак во близина на „Медисон Сквер Парк“, кој го нарече Walking New York.
Гигантскиот пешак се наоѓа на малиот плоштад Flatiron Plaza, а исто така, ќе се најде и на насловната страница на најновото издание на The New York Times, што беше потврдено од страна на главниот и одговорен уредник Џејк Силверстајн на својот Твитер профил, кој во визуелен идентитет на познатиот магазин донесе некои промени .
Фотографијата на Walking New York е снимена од хеликоптер, бидејќи тоа бил единствениот начин да се опфати и да се овековечи ова дело.