Насловна / Вести / Гигантот на челичната индустрија Arcelor Mittal ја превзема и најголемата челичарница во Европа

Гигантот на челичната индустрија Arcelor Mittal ја превзема и најголемата челичарница во Европа

Најголемиот светски производител на челик Arcelor Mittal, постигнал договор со синдикатите за купување на италијанската челичана Ilva. Со тоа е отворен патот за превземање на италијанската компанија. Mittal потпиша прлиминарен договор за купување на Ilva, која има најголем капацитет за производство на челик во Европа, но новата италијанска влада го доведе во прашање договорот, откако стапи на функција во јуни 2018. Но, со недостатокот на финансии во челичарицата, како и неизвесноста за работните места, потпретседателот на италијанската влада порача дека веќе нема да се спротивставува на продажбата, особено по „зеленото светло“ од синдикатите.  Според договорот постигнат со претходната влада, Arcelor Mittal ја купува оваа челичарница за 1,8 милијарди евра, и превзема 10.700 од вкупно 13.500 вработени во Ilva. Новиот сопственик, се обврзува да го унапреди планот за намалување на загадувањето во италијанскиот град Таранто, каде челичарницата е обвинета за повеќе стотици смртни случаи предизвикани од загадувањето.

Челичарницата Ilva, со години е обвинувана за корупција и еколошки „терор“. Во 2012 година, италијанските власти донеле пресуда дека емисијата на гасови од фабриката е причина за сериозни заболувања со смртни исходи, првенствено болести на дишните патишта. Во 2015 државата превзема целосна контрола врз челичарницата, по што речиси половина од производните капацитети (11 милиони тони годишно) се ставени вон погон.
Ilva1

Ilva2

Ilva3

ilva4

 

Испрати коментар

Scroll To Top