Кина официјално ја основа компанијата за бродоградба China Shipbuilding Group, за која државната радио телевизија CCTV тврди дека е најголема на светот. Основањето на компанијата се надоврзува на минатомесечното спојување на двете водечки кинески бродоградителски компании (China Shipbuilding State и China Shipbuilding Industry). Новоформираната компанија опфаќа 147 истражувачки институти, располага со имот од 112 милијарди УСД и вработува 310.000 работници.
Преку спојување и реструктуирање на компаниите, Кина настојува да го намали растот на долгот и да создаде услови за попрофитабилно работење на компаниите и нивна подобра адаптација кон потребите на пазарот. Главните конкуренти на Кина во бродоградбата се Јужна Кореја и Јапонија.