Насловна / Вести / Гевгелија продава земјиште за станбени објекти и стовариште

Гевгелија продава земјиште за станбени објекти и стовариште

Gevgelija_55

Општина Гевгелија по пат на електронско јавно наддавање ќе продаде 11 градежни парцели за индивидуални станбени објекти во населбата „Караорман“ и една градежна парцела за стовариште во Агроберзата кај Негорци.

Парцелите наменети за градба на индивидуални објекти зафаќаат површина од 335 до 511 квадратни метри  и ќе се продаваат со почетна цена од 1.003 денари за квадрат. Електронската аукција за нив ќе се одржи на 23 февруари, а заинтересираните може да ги достават понудите најдоцна до 19 февруари.

Парцелата наменета за градење стовариште зафаќа површина од 20.600 метри квадратни и нејзината почетна цена изнесува 61 денар за квадрат. Електронското јавно наддавање е закажано за 4 март, а три дена пред тоа истекува рокот за достава на пријавите. 

Испрати коментар

Scroll To Top