Гевгелија ќе добие современа пречистителна станца за отпадни води. Станува збор за проект кој е резултат на трилатерален договор помеѓу Швајцарија, Македонија и Грција вреден 9,6 милиони евра. Активностите за реализација на проектот веќе се започнати, а за нивниот тек на терен се информираа и ресорниот министер за животна средина Нурхан Изаири и швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото.
„Ова е еден сложен проект во кој имаме трилатерална соработка, па секако се соочуваме и со одредени проблеми, и затоа сме токму денеска тука да ги иницираме решенијата за тие проблеми, да ја поддржиме понатамошната изведба на проектот. Еден од проблемите за кој токму денеска дискутиравме е отстранувањето на цврстиот отпад од депонијата во Гевгелија“, рече Стефано Лазарото, амбасадор на Швајцарија во Република Македонија.