Заедничката соработка меѓу општините Гевгелија и Дојран, која успешно се остварува во повеќе сфери, ќе се прошири и во областа на заштитата на животната средина.
Иницијативата за меѓуопштинска соработка ја покрена општина Дојран која достави барање инспекторот за животна средина на општина Гевгелија работно да се ангажира и на територијата на општина Дојран.
Овие две општини од југоистокот на Македонија до сега успешно соработуваат во областа на урбанизмот, територијалната противпожарна и социјалната заштита. Гевгелиските урбанисти вршат услуги за потребите на општина Дојран, а на територијата на оваа туристичка општина по потреба дејствува и територијалната противпожарна единица од Гевгелија.