Утре (23 април), 19 300 граѓани на Гевгелија ќе се изјаснуваат на референдум, за прашањето „Дали сте за или против отворање нa рудници на металични суровини кај Коњско“. Одлуката за распишување на референдум ја донесе Советот на општина Гевгелија на своја седница.
И советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ беа едногласни во одлуката дека жителите на општината мора да одлучат за тоа дали да се даде концесија на канадската компанија „Невсан“, која три години имаше концесија за детални геолошки истражувања и сега одлучи да поднесе барање за концесија за експлоатација.
Геолошките истражувања покажале доволни резерви на злато и бакар за исплатливост на рудниците со примена на тој метод.
Референдумот „за“ или „против“ изградба на двата рудника ќе биде успешен ако на гласачките места излезат 50 отсто плус 1.