Насловна / Вести / Германските избори и зелената енергетска политика

Германските избори и зелената енергетска политика

Завршија германските парламентарни избори, а нивниот исход  (победничката коалиција) ќе влијае не само на Германија, туку и на остатокот од Европската унија, бидејќи Германија успешно ја турка својата климатска политика во Брисел и наметнува силно темпо пред остатокот од Европа. Социјалдемократите (SPD) тесно го победија конзервативниот блок CDU/CSU, така што најверојатниот исход ќе биде троен сојуз во кој секако свое учество ќе имаат Зелените. И конзервативците и социјалдемократите  зависат од поддршката на FDP, како и од Зелените, но нивните погледи во однос на климатската политика значително се разликуваат. Додека Зелените бараат да се забрани продажбата на автомобили со внатрешно согорување после 2030, како и забрана за производство на електрична енергија од јаглен, FDP заговара пристап на отвореност кон различни технологии и се противи на овие забрани.

bundestag2

Euractiv пишува дека со цел да ги придобијат Зелените, конзервативците треба да го разгледаат рокот до 2038 година за напуштање на јагленот, а можно е дури и да дадат согласност за забрана на моторите со внатрешно согорување до 2030 година. Тие би можеле да им го дадат на Зелените Министерството за климатски промени, со можност за вето доколку се оди против геманските климатски цели. Германија и онака смета дека до 2030 година, 80% од автомобилите на нивните улици ќе бидат електрични, па тоа е нешто што е лесно да се прифати, но некако ќе треба да се задоволи и FDP кој е наклонет на бизнис секторот и нема исклучиви барања, туку префереира пофлексибилен пристап.

bundestag3

 

Испрати коментар

Scroll To Top