Насловна / Вести / Германскиот енергетски сектор во проблеми

Германскиот енергетски сектор во проблеми

energy concepts

Одлуката на германската Сојузна влада од 2011 година, да ги затвори сите нуклеарни централи до 2022 година, а нуклеарната енергија да ја надомести од други извори, предизвика неочекуван проблем за германската енергетика. Поради падот на цените на енергијата, едноставно нема инвеститори кои сакаат да вложуваат во гасни централи на кои се сметаше како алтернатива за нуклеарните. Имено, ниту најмодерната технологија не е во состојба да овозможи исплатливо работење на гасните централи. Затоа, до крајот на 2015 година ќе бидат затворени 50 централи, не вклучувајќи ги нуклеарните, додека од 74-те централи кои треба да се изградат, кај 39 финансирањето е сè уште неизвесно.

Од обновливи извори сега се задоволуваат 27% од потребите за енергија, а и добар дел од планираните централи во иднина се базираат на обновливи извори. Иронично е што бројните стимулации за развој на производството од обновливи извори и големиот  број изградени капацитети драстично ја спуштија цената на енергијата, што сега се покажува како клучна препрека за исплатливоста во работењето на тие централи, но и за инвестирањето во нови централи.

Големите германски енергетски компании поради падот на цените на енергијата бележат сериозно намалување на добивката, што секако го отежнува финансирањето на новите проекти, а актуелната стабилност на целиот електроенергетски систем почива токму на нуклеарните централи кои сè уште се во погон. Навистина тешки денови за креаторите на енергетската политика во Германија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top