Оваа необична градба се наоѓа во срцето на германскиот град Хајлброн.
Станува збор за зграда која е замислена како спирала низ просторот која нуди фино кореографско искуство меѓу внатрешноста на зградата и околниот пејзаж. Новата зграда е дел од комплексот со обновен магацин кој врамува мал пазар од каде посетителите влегуваат во музејот, поминуваат низ пространото фоаје и потоа тргнуваат на обиколка по споменатата спирала.
Ова ги води низ четири нивоа кои содржат тематски изложбени простори кои се фокусираат на научни и технолошки теми. Постојат интерактивни медиумски инсталации за младите посетители, каде што можат да го применат она што штотуку го научиле во нивните училишта и факултети.
Тематските делови на секој кат се поставени во форма на потковица околу самото јадро на зградата, како и атриум во кој се вметнати кабини кои содржат интерактивни станици. Конечно, спиралата ги носи посетителите на уредена покривна тераса со панорамски поглед долж целата долина Некар. На покривот има и астрономска опсерваторија и аудиториум за експериментален театар.
Алтернативна рута води до подрумот, каде што се наоѓа киното Science Dome 360°, како и простории за организирање привремени изложби. Зградата „Експеримент“ е како кутија со алатки чија архитектура ја подобрува образовната цел на научниот центар.