Грција потпиша договор вреден 1,23 милијарди евра со конзорциумот кој го предводи германски „Фрапорт“ за концесија на 14 регионални аеродроми во наредните 40 години.
„Фрапорт“ и неговиот грчки партнер „Копелузос Груп“, соопштија дека договорот ќе стапи на сила во есен 2016 година, кога конзорциумот ќе плати надомест за концесија и ќе ги преземе аеродромите.
Приватизацијата на аеродромите и останатиот имот е предвидена со договорот со европските кредитори од кои Грција доби трет пакeт на финансиска помош.
Со концесијата се опфатени аеродромите во Солун, Кавала, Ханија, како и на Миконос, Санторини, Родос, Крф, Закинтос, Кефалонија, Кос, Лезбос, Скијатос, Самос и Лефкада.