Насловна / Вести / Германската пошта со 30.000 електрични возила

Германската пошта со 30.000 електрични возила

Elektricni vozila deutsche post

Поштенските службеници во Германија наскоро ќе добијат 2.000 возила на електричен погон, а планирано е комплетната флота на мали доставни возила да биде заменета со електрични автомобили. Во борбата за почист воздух во Германија, „Deutsche Post“ е активно вклучена уште од 2012 година кога го претстави прототипот на електрично комбе на стартап компанијата „StreetScooter“.

Elektricni vozila Deutsche post1

Две години подоцна поштата ја купи оваа компанија со цел сериско производство на електрични возила за достава. Крајна цел на германската пошта е целата флота од 30.000 возила да се состои од електрични еколошки прифатливи автомобили, но и да нуди на пазарот возила од сопствено производство. Некои други поштенски служби во Европа веќе користат електрични возила за достава, како на пример во Норвешка, каде за таа намена се користи електричниот Renault Kangoo Z.E.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top