Германската компанија „Крас Капитал Груп“ ќе инсталира фотоволтаични панели на повеќе локации во општина Кочани со цел од сонцето да произведува 20 мегавати електрична енергија.
– За време на посетата тие ги скенираа географските и други природни погодности на поднебјето особено на Осоговијата каде што и сончевите зраци се постојани од утро до навечер, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.
Димитровски нагласи дека општината ќе направи се и оваа германска инвестиција да биде ефектуирана. Во општината Кочани фотоволтаични панели има поставено на фирмата „Европа 92“, како и во атарите на селата Спанчево и Долни Подлог.