„Германија мора да направи повеќе од тоа што го налагаат насоките на ЕУ за горивата, доколку сака да ги постигне своите климатски цели за неутрален патен сообраќај до 2045 година“, објавило германското автомобилско здружение VDA (Verband der Automobilindustrie). Директивата за обновлива енергија (RED III) на ЕУ, која е усвоена минатата година, не е доволно амбициона, се додава во соопштението.
Германската автомобилска индустрија сака да обезбеди биогоривата и е-горивата да дојдат на пазарот во доволни количини за погон на 40 милиони возила со мотори со внатрешно согоорување, кои и натаму ќе бидат на улиците дури и ако владата успее да ја достигне својата цел од 15 милиони електрични автомобили до 2030 година. Германија одлучи да оствари повисока стапка на редукција на емисиите на стакленички гасови, од 25%, но VDA смета дека целта треба да е поамбициозна односно 35%. Освен тоа, здружението смета дека е потребно да се постават и понатамошни привремени цели за намалување на емисиите на стакленички гасови, т.е за 60% до 2035 година, 90% до 2040, и 100% до 2045 година.